Актуелно

Миле Јанакиески до присутните во судницата: „Дојде живот“!


Денес беше судењето за  насилството во Општина Центар, а за време на паузата во кое меѓу обвинетите се експремиерот Никола Груевски и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, информатичарите ги отстраниле камерите затоа што биле потребни за друго судење.

Судијата Душан Јосифов отиде да ги бара камерите во судот за да продолжи рочиштето. „Дојде живот“, рече Миле Јанакиески во врска со случувањата во судницата.

„Ова се единствени камери во судот. Ова е како вицот кога Цацко го врзува точакот пред Владата“, рече обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски.

Инаку, камерите ги позајмила судијката од бомбите Софија Лаличиќ. Бидејќи нејзиното судење се одложило, на судењето против Груевски и Јанакиески има втора пауза за да се вратат камерите.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top