„Ми упадна во хотелската соба после церемонијата и ме силуваше – ни кондом немаше“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актерката и манекенка Натасиа Малте, позната по улогите во филмовите Elektra и Fat Mama’s House 2, е којзнае која по ред холивудска ѕвезда што го обвини продуцентот Харви Вајнстин за сексуална злоупотреба. Таа тврди дека продуцентот ја силувал во 2008 година, во нејзината хотелска соба, после доделувањето на BAFTA наградите.

Вајнстин наводно влетал во нејзината хотелска соба и почнал да мастурбира пред неа. Ги наброил сите имиња од славни актерки со кои наводно спиел дотогаш, па потоа ја силувал. Натасиа вели дека го молела да престане, но тој останал глув на нејзините молби.

„Откако се фотографиравме заедно, почнавме да разговараме и ме праша каде сум сместена. Го споменав името на хотелот каде што отседнав. После церемонијата, си заминав во хотелот и заспав. Ме разбуди тропање на вратата од мојата соба. Отвори Натасиа Малте, Харви Вајнстин е, викаше. Ми беше непријатно и се плашев дека ќе ги разбуди и другите гости во хотелот, па дека сите ќе помислат оти спијам со него. Во хотелот престојуваа многу луѓе од филмската индустрија. Кога ја отворив вратата, изгледаше како да е на некоја дрога. Седна на мојот кревет и ги турна панталоните. Ме фати паника, се прашував што да правам. Тој е огромен човек“, раскажа актерката на прес конференцијата.

„Ми ги наброи сите актерки со кои што спиел и кои сега се таму каде што се благодарение на него. Ми рече дека сите добитници на Оскари морале да му се заблагодарат, бидјеќи на негово благодарение ја добиле таа награда“, тврди Натасиа.

Немаше ниту кондом, но актерката тврди дека за време на сексот го извадил половиот орган од неа и продолжил да мастурбира додека не свршил, па потоа си заминал од собата. Недолго после тоа ја побарал на телефон и ја повикал на аудиција за филмот Nine, на што таа се согласила бидејќи, како што тврди, многу сакала улога во тој филм, а сакала и да работи со режисерот Роб Маршал кој го режираше истиот.

После аудицијата, Натасиа била убедена дека добила една од помалите улоги во филмот и почнала да зема часови по танц и пеење. Наскоро Вајнстин повторно ја повикал да се сретнат, убедувајќи ја дека со него ќе биде и неговата асистентка.

Кога младата актерка стигнала на местото на средбата, жената за која Вајнстин тврдел дека му е асистентка почнала орално да го задоволува, а тој ја повикал Натасиа да им се придружи во секс во тројка.

„Му се развикав и му кажав дека таа улога не е вредна за тоа што тој го бара од мене. Беше бесен, ме нарече неблагодарничка и ми рече дека ми дал неверојатна прилика“, раскажува актерката која на крајот се откажа од улогата во споменатиот филм.

1 COMMENT

Comments are closed.