Металург се засили со српски репрезентативец!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повремениот српски репрезентативец, десниот бек, Предраг Вејин е нов ракометар на Металург, соопшти клубот од Автокоманда.

Вејин во Металург доаѓа од Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати, а со тимот Автокоманда потпиша договор до крајот на сезоната.

„Со оглед на тоа што Војислав Брајовиќ си замина, а на таа позиција го имаме само младиот Велковски, имавме потреба од уште еден десен бек во екипата во пресрет на доигрувањето во првенството на Македонија и во натпреварите во Купот на Македонија. По неколкуте одработени тренинзи со екипата младиот српски ракометар одлично се вклопи во тимот и, што е многу важно, ги задоволува критериумите за игра во двата правца, во одбрана и во напад“, изјави Лино Червар.

Металург во наредните денови ќе треба да ги заврши сите административни работи за Вејин да може да настапи на последните два натпревари на Металург во СЕХА лигата, против Извиѓач и Нексе.