Меси прави хуманитарна свадба – поклоните ќе ги донира за сиромашните!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси и Антонела Рокусо објавија дека наскоро ќе стапат во брак, а нивната венчавка ќе има и хуманитарен карактер.

Имено, Аргентинецот има своја хуманитарна фондација „Лионел Меси“, поради што ги замолил гостите на свадбата да не носат никакви подароци туку парите кои ги планирале за таа намера да ги уплатат на сметка на фондацијата.

Во нивното соопштение се наведува дека Меси има сè што може да посака, за разлика од многу луѓе кои живеат скромно или на граница на егзистенција и дека на тие луѓе секаков вид донација им значи многу.

Меси и Антонела се знаат уште од детството, заедно се од 2008 година, а по девет години решија врската да ја крунисат со брак.