Меси е подобар од Роналдо: Ова се рекордите кои ги сруши Аргентинецот од 2012г.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кристиано Роналдо и Лионел Меси се сигурно двата најдобри фудбалери на сите времиња во модерниот фудбал.

Роналдо во последните пет години освои повеќе трофеи, освои три Лига на Шампиони и титула шампион на Европа, додека Меси освои титула во Ла Лига и Купот на Кралевите. Тимските рекоди му донесоја нови три Златни топки на Роналдо, кој го стигна Меси по бројот на освоени награди за најдобар фудбалер на годината, пишува Спортски.мк.

Дека Меси е апсолутно доминантен од Роналдо говори фактот дека од 2012. година постигна најмногу голови од сите играчи во најсилните пет европски лиги. Меси покрај тоа има најмногу асистенции, направи најмногу дриблинзи, постигна најмногу хет-трикови и е најдобар од изведување на слободни удари.