МЕСИ Е ЛУТ: Барса му го продава најдобриот пријател и ја носи сензацијата од Ајакс


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Барселона одлично го одработи есенскиот дел на сезоната. Каталонците над сите очекувања се неприкосновени лидери во Примера, а одлично ја завршија работата и во групната фаза од Лигата на шампиони.

Притоа, со самиот старт на зимскиот преоден рок Барселона повлече силни потези. Пристигна Филипе Кутињо како најскапо засилување во историјата на клубот, но и колумбискиот стопер Јери Мина.

Во моментов на каталонскиот клуб му „цветаат рози“ на сите полиња, но зимската идила ја пореметија гласините дека раководството на Барса има намера на лето да го продаде Луис Суарез, барем така тврдат шпанските медиуми.

Доаѓа младата сензација од Ајакс
Веќе е познато дека на радарот на Барселона е Антоан Гризман, но покрај него на радарот на клубот се уште некои играчи. Наводно, Каталонците имаат намера да го заменат Суарез со 20-годишниот напаѓач на Ајакс, Каспер Долберг. Тој е новата голема надеж на данскиот фудбал, а многумина го гледаат како потенцијално најдобриот напаѓач во Европа во иднина.

Уругваецот наскоро ќе наполни 31 година, а претседателот на Барселона смета дека Суарез треба да биде продаден додека може добро да се заработи на него, а тоа е следното лето.

Таа идеја воопшто не му се допаѓа на првата ѕвезда на тимот Лео Меси бидејќи познато е дека Суарез е негов најдобар пријател и надвор од теренот. Аргентинецот смета дека Суарез може уште многу да му даде на тимот, а се знае дека неговиот збор е „закон“ во Барселона.

Дали Меси ќе успее да го задржи својот пријател, или Барса ќе ја продолжи политиката на подмладување на тимот, останува да видиме.