Меркел се договори со Русите: Германија даде амин за руски „Северен ток 2“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германија им даде зелено светло на Русите за изградба на гасоводот „Северен ток 2“ на германска територија. Проектот ќе ја зголеми испораката на гас од Русија за Германија.

„Дозволата е резултат на обемниот процес на планирање и консултации. Северен ток 2 е свесен за својата одговорност и за чувствителноста на ова прашање. Покрај самото влијание на околината, ние ги разгледувавме и другите аспекти како што се поморската и туристичката индустрија“, изјави Џенс Ланге, менаџер одговорен за гасоводот што ќе се гради во Германија.

„Северен ток 2“ и понатаму треба да добие дозвола од другите земји низ чии територијални води би требало да пројде гасоводот. Тоа ги вклучува Финска, Шведска и Данска. И покрај бројните оспорувања на гасоводот, Гаспром верува дека изградбата на проектот би требало да заврши до крајот на 2019 година.