Меркел: Никој и ништо нема да не запре во борбата против климатските промени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во куса изјава по одлуката на САД да се откажат од меѓународниот договор за заштита на климата, германската канцеларка Меркел од светот побара заеднички да се бори за Мајката Земја.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин изјави дека многу жали поради одлуката на САД да се откажат од Парискиот договор за климатските промени. Договорот е исклучително важен за постигнување на климатските цели до 2030 година, нагласи Меркел и побара од сите да го завртат погледот нанапред: Ние во Германија, Европа и светот, порешително од кога и да е, ќе ги обединиме сите сили за да справиме успешно со големите предизвици за човештвото, како што е промената на глобалната клима, рече Меркел во Берлин. Таа потенцираше дека со борбата против глобалното затоплување се обезбедува благосостојба и се подобруваат шансите во светот.

Во врска со земјите кои најочигледно страдаат поради промените на климата, Меркел порача: Ние ќе ги спроведеме нашите обврски од договорот и во поглед на финансирањето на најсиромашните и најранливите земји на светот, поради тоа што тие земји не можат да излезат на крај со предизвиците со кои се соочени.

Германската канцеларка денеска им се обрати на сите на кои им е важна судбината и иднината на Земјата и рече: Да го изодиме патот заедно, за да бидеме успешни во интерес на Мајката Земја.