Медицински сестри ги терале на жежок танц и да шират нозе за да ги вработат (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Болница во Јужна Кореја ги терала своите медицински сестри да се облекуваат во провокативна облека и заводливо да танцуваат за управителите на болницата и сопственици на приватни компании.

Корејското здружение на медицински сестри во понеделникот остро ги нападна одговорните за овој дегутантен скандал и побараа истрага во приватната болница „Свето срце“ во Чунчеон, откако една од медицинските сестри од оваа установа се пожали дека ги терале да танцуваат на отворањето на локалните спортски приредби.

Јавноста буквално збесна кога на социјалните мрежи се појавија снимки од провокативниот настап на медицинските сестри.

„Не принудија да танцуваме пред високи претставници од болницата кои седеа и јадеа на масите. На тоа, по правило, ги принудуваат новите медицински сестри кои не се осудуваат да ги одбијат за да не ја загубат работата“, напиша една од сестрите. Таа додава дека морале и „да прават сексуално сугестивни изрази на лицата“. Вежбите траеле еден месец, после работното време, а „менаџерите на болницата ни велеа дека мора да изведуваме сексуално провокативни двжења“.

Ги злупотребуваат цела година

Од сестрите се дознава дека тие се злупотребувани во текот на цела година, пред сè на интерните приредби кои, како што тврдат одговорните лица од болницата, се замислени да ги утешат пациентите.

„Моравме да легнуваме на под и да ги шириме нозете пред пациентите и персоналот. Некои од сестрите се чувствуваа толку понижено што се раплакаа, но одговорните лица секогаш го отфрлаа тоа како проблем велејќи им дека прават драми од нешто што сите го прават“, откриваат сестрите.

„Ова е тежок напад на работниот повик од медицинските сестри и нивното самопочитување“, порачуваат од здружението на сестри.

Компанијата Ил-сунг, која управува со три универзитетски и шест други болници ширум земјата, вели дека никој не ги принудувал сестрите на ништо такво. Истакнуваат дека иницирале интерна истрага која покажала дека сето тоа е резултат на компетитивното опкружување во кое сестрите се обиделе да приредат добра претстава“, додавајќи дека ќе преземат мерки со цел тоа да се спречи во иднина.