Научна реалност

Медицинските експерти открија нов орган во човечкиот организам


Новиот орган кој го идентификуваа научниците во човечкото тело се вика мезентериум, а се наоѓа во дигестивниот систем од нашиот организам.

Со проучување на мезентериумот би требало да се дојде до покомплетно разбирање и лечење на абдоменалните и дигестивните болести.

Првично беше мислено дека овој мезентериумот претставува комплексна структура во човечкиот организам, но со последните проучувања и анализи се заклучи дека, всушност, станува збор за целосен орган. Откритието на овој орган како научна вест е објавено во научното списание The Lancet Gastroenterology and Hepatology.

Првичниот анатомски опис на овој орган, кој е стар повеќе од 100 години, испадна неточен, па сега на медицината и медицинските експерти им претстои предизвик да ја утврдат точната функција и работа на „новиот“ орган.

Научно кажано, мезентериумот претставува двослоен вреќест превој на перитонеумот кој го прицврстува цревото за постериорниот абдоменален ѕид.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!