Мбапе го избра новиот клуб и ја шокираше Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат француските медиуми, ѕвездата на Монако Килијан Мбапе им соопштил на челниците на својот клуб дека сака да премине во редовите на големиот ривал Пари Сент Жермен.

Мбапе, кој е голема желба на Реал Мадрид, наводно се договорил со ПСЖ и сака да се пресели во Париз каде ќе игра во тандем со Нејмар.

ПСЖ иако пред неколку дега го сруши светскиот трансфер рекорд за Нејмар, нема да има проблеми да искешира нови 180 милиони евра за да го донесе Мбапе во своите редови.

Ваквата одлука на Мбапе ги шокираше фудбалските фанови во Европа, со оглед на фактот дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за неговиот потпис и се очекуваше да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Доколку навистина се реализира овој трансфер, ПСЖ ќе формира пеколно напаѓачко трио, Нејмар – Кавани – Мбапе.