„Мбапе е чудо, мајка му го носи на тренинг“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Младиот напаѓач на Монако, Килијан Мбапе е вистинска сензација оваа сезона и се наоѓа на листата желби на најбогатите клубови во светот.

18-годишниот Французин брилјира оваа сезона и е еден од најзаслужните што Монако се наоѓа на врвот на француската лига и што е во полуфиналето од ЛШ.

„Не е ни чудо што сите го сакаат. Па момчето во три натпревари од завршницата во ЛШ против Сити и Дортмунд постигна четири гола. Навистина е чудо, игра одлучно, а има само 18 години“, изјави голманот на Монако, Даниел Субашиќ.

„Воопшто не е арогантен. Сите зборуваат за стотици милиони евра кои го очекуваат во иднина, а него на тренинг сеуште го носи неговата мајка или клупскиот шофер. Тоа најдобро ви покажува колку е Мбапе и понатаму цврсто на земја. Може тој и многу подобро, верувајте ми. Секој ден на тренинг не уверува колку голем талент е. Сигурно дека пред него е голема кариера“, додаде Субашиќ.