Мажите во ред чекаат за кафе – кога ќе ги видите шанкерките, ќе сфатите зошто


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кафуле во Вашингтон своите посетители ги намамува во својот локал преку шанкерките кои ги послужуваат во бикини.

Во Bikini Beans Espresso, кој своја подружница има и во Аризона, вработените девојки се облечени само во бикини, додека некои од нив го соблекуваат и горниот дел од костимот, покривајќи ги стратешките места со лепенки.

Бизнисменката Карли Џо, сопственичка на бизнисот кој е доста успешен, тврди дека тоа не е понижувачки, туку дека ги охрабрува и им дава самодоверба на девојките. „Како прв бикини бар во Аризона, сакаме да ги зајакнеме жените да се чувствуваат подобро“, пишува на нивната официјална страница.

Нималку изненадувачки, гостите главно се воодушевени мажи. Но, не сите од нив се импресионирани од барот. Градскиот советник Мајк Фаган сакаше да го забрани работењето во бикини, но не успеа во тоа. „Сè би требало да биде во кафето, а не во женското тело“, изјави тој, додавајќи дека не сака да ги посочува децата како аргумент, но дека и тоа е релевантен фактор.

Со него се сложува и една сосетка од квартот, мајка на мали деца. „Не е проблем што децата го виделе тоа, туку како да им објаснам на децата зошто жени без маички сервираат кафе и зошто толку многу мажи чекаат во ред за тоа“, вели таа.