„Марс” повторно повлече чоколадни производи од пазарот, овој пат поради салмонела


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според официјалното соопштение на компанијата станува збор за „мала количина” заразени чоколадни производи.

Производителот на чоколади „Марс” повлече од пазарот во Велика Британија и во Ирска седум серии на свои производи поради сомнение дека може да содржат салмонела.

Компанијата потенцира дека станува збор за “мала количина” заразени чоколади, а меѓу нив се трите типа млечно чоколадо „Галакси”, чоколадните дражеи и други.

Ова не е прв пат, „Марс” да повлекува свои производите од странскиот пазар.

Минатата година компанијата нареди масовно повлекување на свои десерти од марките “Марс”, “Сникерс”, “Милки Веи” и “Мини микс” од 55 држави од целиот свет.