Home Спорт Марк Бартра повреден потешко од што се мислеше!

Марк Бартра повреден потешко од што се мислеше!

26-годишниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Марк Бартра кој беше повреден од синоќешната експлозија пред мечот од ЛШ синоќа веднаш беше опериран.

Шпанскиот репрезентативец и првотимец на „милионерите“ се здоби со повреда на зглобот на раката, па со оперативен зафат му беа остранети страните предмети од раката.

Бартра веднаш после несреќата беше однесен во болница, а медиумите веднаш појаснија дека степенот на неговите повреди е од „полесна природа“.

„Мислиме на него и силно сме шокирани. Нормално, денес е друга димензија на случувањата кои се случија вчера“, изјави директорот на Дортмунд, Јоаким Вацке.

Сеуште не е познато колку Бартра ќе отсуствува од теренот, а поддршка за дефанзивецот пристигна од целиот свет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…