Актуелно

Малолетно девојче од Виница силувано на градскиот стадион!


18 годишниот У.Ќ вчера на градскиот стадион во Виница силувал 16 годишно девојче

-Околу 07,30 часот истата заминала на настава во средно училиште, од каде за време на одморот, У.Ќ. насилно ја однел кај стадионот и побарал да остане во Виница со него, и да не оди во Германија. Откако малолетничката се спротивставила, истиот и ги врзал рацете, нозете и устата со фластер, по што го извршил кривичното дело, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кочани. По наредба на Јавен обвинител, У.Ќ. бил лишен од слобода и задржан во ПС-Виница.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top