Актуелно

Малолетничка преноќила во комбето на 24-годишник по расправија со родителите, дечкото се товари за полов напад


Поднесена е кривична пријава против 24-годишен скопјанец поради полов напад врз малолетно лице без сексуален однос откако во неисправното комбе во неговиот двор преспала малолетничка по расправија со нејзините родители. Девојчето претходно било пријавено за исчезнато од нејзиниот татко.

Нејзината мајка, пак, пријавила во полицијата дека во петокот околу 12,30 часот, нејзината ќерка Ј. П., повикала 24 годишно лице од Скопје (познаник на нејзината постара сестра) да се сретнат во близина на „Веро Џамбо“.

„Откако се сретнале, според пријавителката, лицето ја однело малолетничката прво под мостот на Вардар, а потоа малолетничката прифатила да ја однесе кај него дома во една скопска населба. Таму во дворот од неговата куќа ја сместил во неисправно комбе и, како што посочила пријавителката, лицето почнало да ја допира по телото и се обидел да има сексуален однос со неа. Наводно малолетничката се спротивставила, по што лицето и го одзело мобилниот телефон и цела ноќ ја држело во комбето“, стои во соопштението од полицијата.

Наредниот ден околу 07,00 малолетничката девојчето се јавило дома и им кажала на родителите дека се наоѓала на меѓуградската автобуска станица.

Од извршениот разговор до малолетното девојче полицијата утврдила дека немало сексуален контакт меѓу неа и 24-годишникот.

„Во разговорот малолетничката изјавила дека поради расправија дома го побарала лицето за да преноќи кај него и дека немало сексуален контакт, освен “бакнување“ и “допирање по градите“. Исто така обезбедено е и лицето кај кое престојувала малолетничката кое го потврдило истото. Направено е и медицинско вештачење. По извршените разговори од страна на ЈО дадени се насоки да се поднесе кривична пријава за “полов напад врз малолетно лице без сексуален однос“ по редовна постапка“, велат од МВР.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top