Макрон и Ле Пен во втор круг на претседателските избори во Франција


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кандидатката на крајната десница Марин ле Пен и независниот Емануел Макрон одат во вториот круг на претседателските избори во Франција, покажуваат првичните реззултати по денешното гласање.

Контроверзната Ле Пен која се залага за враќање на ингеренциите кои од Париз беа пренесени на Брисел и која често изразува ставови кои се во спротивност со политиките на ЕУ прогласи победа во првиот круг од изборите, порачувајќи дека остварила историски резултат и дека фрнацускиот народ добил шанса да се ослободи од арогантната елита. Според првичните резултати таа освоила 24, 3 проценти од гласовите на избирачите.

Еманулел Макрон основачот на Во движење кој освои 23 отсто од гласовите, исто така се пофали дека победил и порача дека Франција вечерва отвора нова страница во својата историја.

Французите ја изразија својата желба за промени. Очигледно е дека ќе свртиме нова страница во политичката историја на Франција, изјави Макрон.

На трето место е конзервативниот кандидат Франсоа Фијон кој веќе го призна поразот, додека кандидатот на радикалната левиц Жан Лик Меланшон е на четвртото место.

На изборите се кандидираа 11 кандидати. Излезноста на денешното гласање изнесува 81 отсто од вкупно 47 милиони Франзуци со право на глас. Инаку веднаш по објавата дека Марин ле Пен се пласирала во вториот круг (кој ќе се одржи на седми мај), дојде до судири меѓу демонстранти и полицијата во источниот дел на Париз.