Македонското првенство започнува со големото дерби Шкендија – Вардар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денешната жрепка одлучи новата сезона во Првата македонска фудбалска лига да биде отворена со дерби дуел меѓу ривалите Шкендија и Вардар.

Сезоната почнува на 13-та август, а „најжешко“ ќе биде во Тетово каде Шкендија ќе го пречека Вардар.

Покрај тоа во првото коло се игра и пелагониското дерби, Победа го пречекува Пелистер, клубови кои во новата сезона влегуваат со исти амбиции.

Форматот останува ист, четири пати по девет круга и вкупно 36 кола. Календарот ќе биде потесен, поради обврската да се заврши до 20 мај за Светското првенство (СП) кое се игра во Русија.

Прво коло:
Шкендија – Вардар
Шкупи – Академија Пандев
Победа – Пелистер
Работнички – Ренова
Силекс – Скопје