Македонското културно наследство ќе биде промовирано во култниот „Лувр“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Управата за заштита на културното наследство ќе го претстави домашното културно наследство на 23. Меѓународен саем за културно наследство, кој од 2-ри до 5 ноември ќе се одржува во престижниот музеј Лувр во Париз.

Ова е трето претставување на македонското културно наследство на овој саем. Тема на годинашното саемско издание е „Културното наследство и туризмот“.

Управата соопшти дека на македонскиот штанд ќе бидат изложени публикации од познати археолошки локалитети, цркви и џамии кои се нејзини изданија, а ќе има и кратка видеопрезентација за домашното културно богатство.

Покрај изложбениот дел, ораганизаторите најавуваат работилници и конференции со фокус на искористувањето на потенцијалот на културното наследство во културна промоција на земјите излагачи.

На 23. Меѓународен саем за културно наследство во француската метропола ќе учествуваат Геманија, Белгија, Кина, Португалија, Италија, Грција, Швајцарија, Холандија и други земји.