Македонскиот туризам за прв пат промовиран на саем за туризам во Данска


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија, после саемот Vagabond во Копенхаген, за првпат ја претставува туристичката понуда на најголемиот интернационален саем за туризам на Скандинавија во Хернинг, Данска.

На Саемот за туризам во Хернинг имаше туристичката понуда на 1.100 изложувачи, а беше претставена пред 61.885 посетители на саемот. Агенцијата за туризам на овој саем ја промовираше и ја претстави природата и активниот туризам во Македонија со што привлече огромен интерес.

Во конкуренција од 51 земја која на саемот ја изложија својата понуда, делегацијата на Македонија оствари бројни контакти, меѓу кои и со најголемите тур-оператори за Данска и Скандинавија- Sunweb, Appolo, Detur, Beach Tours, Suntur, TUI Denmark и Bravo Turs. Дел од нив најавија посета на Македонија и вклучување на земјава во нивните продажни туристички каталози.