Македонски познати фаци ги оживуваат култните филмски сцени за уникатен календар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Trainspotting“, „Kill Bill“, „Malѐna“, „Les amours imaginaires“, „Pulp Fiction“, „Cries and whispers“ и „The Addams Family“ беа повторно „оживеани“ преку фотографиите на Жарко Чулиќ за календарот за 2017 година што го издаде Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“. За шминката на моделите се погрижи Васе Доковски, а дизајнот е на Игор Делов.

„Календарот се разви од идејата да најдеме забавен начин за промоција на Коалицијата, како и вредностите и каузата за кои се застапува и ги промовира нашата организација“, вели Славчо Димитров од Коалицијата.

Како модели во календарот се појавуваат македонската писателка, книжевна преведувачка и професорка Румена Бужаровска, новинарките Биљана Секуловска и Александра Бубевска, уметниците Ѓорѓе Јовановиќ и Јана Јакимовска, граѓанските активисти за човекови права Уранија Пировска, Ирена Цветковиќ, Славчо Димитров, Драгана Дрндаревска и други.

„Моделите за различните филмски сцени што се реконструирани за календарот се наши пријатели и поддржувачи – луѓе кои вложиле и давале свој придонес во промоцијата на вредностите на демократијата, човековите права, слободата и еднаквоста, или пак луѓе коишто се дел од алтернативната културна и урбана сцена“, објаснува Димитров за Queer.mk. „Фимските сцени се дел од некои од нашите омилени филмови, а кои на различен начин, визуелно ги развиваат идеите и вредностите позади кои стоиме, а кои се феминистички, квир, критички кон нормативноста, и, со еден збор кажано, слободарски.“

„Користејќи ја главнотековната култура и филмот, сакавме да пренесеме пораки кои ја изразуваат „филозофијата“ зад која стоиме, а притоа тоа да не биде на некој од стандардните начини на кои тоа го вообичаено го правиме, односно да не биде легалистички, дискурзивно-дебатен, или исклучиво уметнички.“

Од Коалицијата се заблагодаруваат на сите учесници во „проектот“. Календарот ќе излезе и во печатено издание, кое ќе биде бесплатно дистрибуирано.

Календарот можете да го преземете и во електронска верзија ОВДЕ.

Извор: Queer