Македонски Куп: Вардар – Шкендија во полуфинале!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вардар и Шкендија ќе се сретнат во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија, додека во второто полуфинале ќе играат Пелистер и Брегалница, одлучи жрепката која беше извршена во денес во седиштето на ФФМ.

Актуелнуиот шампион и лидер во првенството по есенскиот дел, екипата на Вардар, ќе ја пречека Шкендија на 1 март, додека реваншот кај бранителот на трофејот во Тетово ќе се одигра на 19 април, а овој натпревар со право го носи епитетот, „финале пред финалето“.

Втората полуфинална двојка ја формираа Брегалница и Пелистер. Првиот меч ќе се одигра во Штип, а реваншот ќе биде во Битола.