Македонија – Албанија: анализа и најава, да се искористи позитивната атмосфера


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По освоените бодови во Израел, Македонија ќе настојува и во Струмица да освои три бода и да ја победи Албанија во натпреварот од 8-то коло во квалификациите за пласман на Светското Првенство во Русија. Сепак иако играме на домашен терен и во мечот влегуваме по победата од Израел, на натпреварот против Албанија ќе треба да прикажеме многу подобра игра доколку сакаме победа.

Младите наметнуваат победнички менталитет

Селекторот Ангеловски кој досега се жалеше за тоа дека го нема најдобриот состав, бидејќи дел од фудбалерите беа во младата селекција на Македонија која играше на Европското Првенство во Полска, овој пат е на слатки маки бидејќи на секоја позиција на теренот има по неколку опции. Веднаш по смената на генерациите и настапот на младите херои, се виде дека составот е видно освежен. Освен тоа оние староседелци во репрезентацијата играат одлично во своите клубови, а фудбалерите од домашниот шампионат конечно имаат силни натпревари ( пред се фудбалерите на Вардар кои ќе играат во групната фаза на Лигата на Европа ). Се надзира одлична можност за Македонија конечно да врзе две победи во едни квалификации бидејќи коцките се наместени во наша полза, во репрезентацијата владее одлична атмосфера, а ако досега се размислуваше за позитивен резултат под кој се подразбираше да не се загуби, сега во мислите на фудбалерите, па и во мислите на македонската спортска јавност се размислува само на победи, пишува специјализираниот портал Kladenje.mk.

Ангеловски конечно го пронајде рецептот за успех

Македонија одигра вкупно 7 натпревари во овие квалификации и селекторот Игор Ангеловски конечно се чини дека ја најде формулата за успех и вистинската формација на репрезентацијата. Против Израел, Ангеловски се реши за малку подефанзивна формација и не згреши. Сепак точно знаевме кога да одиграме пресинг на противничката половина, кога да се повлечеме пред својот гол и кога да изведеме контра напад. На терен истрчавме со поставеност 3-4-1-2, но во текот на натпреварот одлично се трансформиравме според ситуацијата на теренот. Така на пример кога Израел имаше иницијатива се поставувавме во формација 5-3-1-1, со тоа што Алиоски и Ристовски се враќаа пред својот шеснаесеттик, Барди…

Целата анализа прочитајте ја на специјализираниот портал KLADENJE.MK!