Актуелно

Македонија во шок: Исчезнаа тројца малолетници

полиција

За само два дена исчезнаа тројца малолетници, информира МВР. Всушност станува збор за малолетни лица помеѓу 15 и 16 години.

Полицијата информира дека утринава во 3:30 часот во полициската станица во Тетово, Р.К. (47) пријавил дека на претходниот ден од домот во непознат правец се оддалечила неговата 16 годишна ќерка.

Пријава за исчезнато лице стигна и во полициската станица во Куманово. Вчера 43 годишниот М.А. пријавил дека истиот ден околу 12 часот од домот во непознат правец се оддалечил неговиот 16 годишен син.

Од домот во непознат правец се одалечила и 15 годишната ќерка на У.А. (41). Случајот е пријавен вчера во Струмица околу 20:30 часот.

Во сите три случаи полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top