Актуелно

Македонија под снег


Во Македонија најмногу снег има во Ѓуриште, каде што снежната покривка изнесува 14 сантиметри, додека најниска температура е измерена во Маврово -6 степени Целзиусови.

Снег има и во Тополчани 12 сантиметри, во Пожаране 10, Маврово 9, Лазарополе и Берово 5, Крива Паланка 4, додека во Битола и Крушево по 1 сантиметар.

Во Скопје, Битола и Штип дуваше ветер со брзина до 55 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Денеска времето ќе биде променливо облачно, а во северните и источните делови од земјата ќе провејува слаб снег.

Во текот на денот се очекува намалување на облачноста и сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во Повардарието и во Пелагонија.

Максималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладнето сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се искачи до 4 степени.

Во текот на неделата што следува ќе биде стабилно, со ниски утрински температури, кои ќе се движат од -9 до -2 степени, додека дневните ќе бидат во постепено покачување.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top