Македонија со највисок степен на корупција во регионот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија е позиционирана на 107. место на Индексот за перцепција на корупцијата за 2017 година на Транспаренски интернешнл објавен денеска. Тоа е пад од 17 места за нашата држава во однос на Индексот од претходната година.

Од регионот најдобро рангирана е Словенија која се наоѓа на 34. место, Хрватска е на 57. мето, Грција и Романија се на 59, Црна Гора е на 64. место, Бугарија на 71., Србија на 77., Турција на 81. место, Косово на 85. и Албанија на 91. место.

Во светски рамки најдобро рангирана земја е Нов Зеланд, по што следуваат Данска и Финска, додека перцепцијата за корупција е најголема во Сомалија, која се наоѓа на последното место.

Од Транспаренси интернешнл истакнуваат дека напредокот во борбата против корупција е бавен, а повеќето држави пребавно напредуваат. Во последните шест години голем број држави оствариле мал или никаков напредок, а вознемирува и резултатот дека државите каде што новинарите и невладините организации се најмалку заштитени, имаат и најголема стапка на корупција.