Македонија на „Илинден“ го чека најголемиот успех на еден македонски клуб!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на македонскиот шампион, Вардар денес отпатуваа во Данска, каде што утре треба да одиграат натпреварот од огромна важност против тимот на Копенхаген.

Вардарци во Скопје одиграа солиден натпревар и со право македонската спортска јавноста очекува од Данска да се вратат со кренати глави. После натпреварот на „Филип втори“ во кој Вардар запиша минимална, но исклучително важна победа од 1:0, тренерот на Данците, Солбакен изјави дека неговиот клуб направил катастрофални грешки на средината на теренот и дека токму тие се причината за поразот, а не одличната игра на македонскиот шампион.

Од друга страна, Гоце Седлоски, најави дека неговите фудбалери во Данска ќе патуваат со „ладни“ глави и со огромен мотив да ја израдуваат на Македонија на еден голем празник.

Позитивен факт за македонскиот претставник е повредата на стандардниот фудбалер на Копенхаген Николај Бојлсен кој се повреди на последниот натпревар во домашното првенство во кој противникот на Вардар одигра само 0:0 на домашен терен против тимот на Хобро. Но, сигурно дека Вардар во Данска оди да ја одигра својата игра и нема премногу да го интересира ростерот на противничките фудбалери.                     

Според познатите светски обложувалници кога во прашање е пласманот во следната фаза нашиот претставник добива мала предност пред Данците, иако кога во прашање е победата на овој натпревар предност им се дава на домаќините, што е и очекувано. Данците имаат состав кој вреди неколку пати повеќе од составот на Вардар кој според Трансфер.марк се проценува на вредност од 10 милиони евра.

Сепак, ова е само најава пред големиот натпревар, сите факти, вредности, „паѓаат во вода“ кога ќе се истрча на теренот.

За крај да се потсетиме на прекрасниот погодок на Џонатан Балотели во Скопје.