Македонија му ја исполни желбата на Зампарини – Несторовски ослободен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Палермо, Илија Несторовски е ослободен од оврските кон националниот тим за пријателскиот натпревар со Норвешка кој ќе се одигра во Скопје на 11 ноември.

Фудбалската федерација на Македонија и селекторот Игор Ангеловски решија да ја прифатат молбата на претседтелот на Палермо, Маурицио Зампарини, Несторовски да биде ослободен од обврските кон репрезентацијата бидејќи дуелот со Норвешка е од пријателски карактер.

Палермо експресно сака да се врати во Серија А, се наоѓа на второто место на табелата во Серија Б, а Несторовски е најдобар играч и стрелец на тимот. Македонецот има постигнато девет од 17 гола за тимот од Сицилија.

Инаку, Палермо на 12 ноември има тешко гостување во Кремона, кај конкурентот за висок пласман Кремонезе.