Македонија фуриозно ги запиша првите бодови против фаворизираната Словенија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација успеа да слави во првотоa коло на ЕП во Хрватска, против фаворизираната, но и ослабена Словенија со 25:24.

Во првото полувреме, контролата над играта иако не премногу беше на страната на Словенците. Создадоа стартна разлика од 3 гола, која во рамките ја оддржуваа до самиот финиш на првиот дел. Македонија забележа многу неискористени зицер позиции, а кон подобро тргна во моментот кога на нашиот гол се разбрани втората опција на Гонзалес, Никола Митревски. Во последните минути пак, Македонија ја презема инцијативата, по што дојде до фантастични позиции за иразмнување на паузата на 11:11.

Со почетокот на вториот дел, Македонија го задржа трендот на висок квалитет на игра, по што направи серија од 3:0, а веднаш потоа и во два наврати создаде четири гола позитива. Од средината на второто полувреме, балканските ривали играа гол за гол,  се до завршницата на мечот. На голот на македонската репрезентација се врати Ристовски, кој по одморот на клупата запиша одлична серија интервенции. Поиздржлива во ова балканко дерби беше Македонија која на крајот успеа да го добие овој епски меч.

 

Фото извор: Филип Вирановски