Актуелно

Македонија е пред нафтена криза, министерот Кучи смирува


Владата се мобилизираше, се бараат решенија преку министертсвата  за економија и финасии за да се избегне нафтена криза, се контактираат грчките власти.

Откако ТВ 24 објави дека можно е земјава да се соочи со недостаток на гориво поради тоа што триесет цистерни на Окта една недела не можат од ниеден граничен премин од Грција да влезат во земјава и да извршат дотур, министерот Кучи уверува нема да дојде до нафтена криза.

Секако дека ние ќе спречиме било каква криза, ме известија од секторот за енергетика дека веќе треба да се справиме со овој проблем. Денеска ќе ги интензивираме состаноците за надминување на проблемот, изјави Дритон Кучи, министер за економија.

Од Министеството за финасии за Телевзија 24 накратко изјавија:

Министерството за финансии е запознаено со ситуацијата и работи на изнаоѓање на решение за истиот.

Во мегувреме резревите се трошат, уште за една недела има гориво од залихите на најголем број од бензиските што ги снабдува Окта, бирифираат извори за Телевизија 24.

Од Окта претходно посочија дека доколку нема навремен одговор од релевантните јавни институции, ќе се почувствуваат првите знаци на криза со гориво во текот на оваа недела. Осми ден како Евзони е блокиран поради штрајк на грчките земјоделци, а преку Дојран и Меџитлија цистерни не можат да влезат. Премините преку Бугарија, кои Цариснкиата управа ги посочи како опција за Окта не се реална алтернатива затоа што потребно  долго време да се пренасочат, а и скапо чини.

Окта е клучен увозник на гориво, кој ги снабдува дури 70 проценти од потребите во земјава.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!