Македонец се самозапалил во Рејкјавик оти сакале да го депортираат во Македонија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонски државјанин на возраст околу 30 години се обидел да се самоубие вчера во бегалски камп во Рејкјавик, Исланд, јави Албеу.

30-годишниот Албанец од Скопје се самозапалил, бидејќи исландските власти сакале да го вратат во Македонија, откако негово барање за азил било одбиено, велат други Албанци кои се во истиот бегалски камп. Младиот човек се здобил со сериозни изгореници при обидот да се самоубие.

Бројот на баратели на азил во Исланд годинава достигна 1.000, што е три пати повеќе во однос на минатата година и голем дел од нив се од Македонија. Најмногу од нив доаѓаат од Будимпешта во среда и во недела, кога има летови.

Многу голем дел доаѓа од земјите од западен Балкан, како Албанија и посебно од Македонија во ноември, изјави Порстеин Гунарсон, менаџер во Директоратот за имиграција за исландскиот весник РУВ.

Во ноември, дури 73 отсто од барателите на азил се од Македонија.

Можеби доаѓаат поради економската ситуација. Некакви гласини има околу тоа што можат да очекуваат кога ќе дојдат тука, додаде Гунарсон.

Сепак, тој вели дека барателите на азил ги повлекуваат барањата за азил и решаваат да се вратат во родните земји. Бројот на апликации од тие земји е намален последниве денови.

Веруваме дека има врска помеѓу тоа и фактот дека почнавме да користиме забрана за повторен влез, вели Гунарсон.

Според информациите од Директоратот за имиграција, ако барателот биде одбиен за азил, ризикува да биде депортиран и да добие забрана за повторен влез од најмалку две години и таа забрана важи за сите 26 европски земји од Шенген зоната, не само за Исланд.