Мајтап: Модерен календар низ муабети


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нов модерен календар за најупотребуваните муабети.
1 јануари до 5 јануари е Како си помина за Нова Година?
6 јануари до 14 јануари е Кај мене се падна паричката.
15 јануари до 12 февруари е Утре почнувам со диетата.
13 февруари до 15 февруари е Св. Трифун или Валентајн?
16 февруари до 28 февруари е Дај бе нека заврши месецов
1 март е за Каролина Гочева, Први Март.mp3.
2 март до 7 март е Што да и купиме на класната?
8 март е Ден на наставничките и работничките во администрација.
9 март до 31 март е Што ќе се маскираш за 1ви април?
1 април е ден за лоши маски и очајно лоши статии на нашите портали.
2 април до 15 април е Кога е Велигден.мк?
16 април до 30 април е Каде за Први мај?
1 мај е за скара.
2 мај е Порано не се работеше на овој ден!
3 мај е Каде беше за Први мај?
4 мај до 31 мај е за дојде сесијата
1 јуни до 30 јуни е Каде на одмор?
1 јули до 31 август е за слики од нозе на плажи
1 септември до 30 септември е за ајвар правење.
1 октомври е за Green Day, Wake Me Up When September.mp3“
2 октомври дп 30 ноември е за туршија и дожд.
1 декември до 31 декември е Каде за Нова Година?

И така година за година