Мајката носорог им одржа лекција на хиените кои го нападнаа нејзиното младенче


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


National Geographic објави снимка од францускиот фотограф кој живее во Кенија, на која се фатени моментите како една женка од видот бели носорози, ги штити своите младенчиња од гладните хиени.

Мајката бел носорог која ја сними Николас Урлахер, претставник на еден од петте преостанати видови носорози, воедно и најчест, се врти со цел да ги оддалечи хиените од своите младенчиња, со оглед на тоа дека знае оти тие се премали за сами да се бранат.

Иако хиените одлично си ја бркаа работата изморувајќи го носорогот, авторот на снимката потенцира дека семејството носорози успешно се извлече од таа заседа.