Актуелно

Маченици и демократија: Ердоган ќе гради музеј посветен на обидот за пуч врз него


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не само што ја обезбеди победата на референдумот минатиот викенд, која му дава нови и значајни овластувања, туку планира да изгради нов музеј што ќе биде посветен на неуспешниот обид за пуч од јули минатата година.

За новиот музеј задолжено е Министерството за култура на Турција кое забрзано го подготвува Музејот на 15 јули: Маченици и демократија, како што ќе се вика новата институција што треба да почне да работи во јуни, годинава.

Во зградата што се наоѓа во Караманказан, место во близина на главниот град Анкара, ќе бидат сместени постојани и привремени поставки посветени на мачениците воини од воениот удар што се случи минатото лето, кога дел од турската војска направи обид за соборување на Ердоган.

Најмалку 240 лица загинаа кога војници и тенкови излегоа на улиците на Анкара и Истанбул, но државниот удар не успеа откако илјадници турски граѓани се собраа бранејќи го Ердоган.

Уметници, карикатуристи и истакнати личности од културата беа меѓу триесет и петте илјади лица уапсени по овој неуспешен државен удар во Турција.

Во музејскиот објект на површина од 315 метри квадратни ќе има и библиотека, кафуле и продавница кои треба да се отворат кон крајот на следната година. Според иницијативата за музејот, неговата цена ќе биде 10 милиони турски лири или околу 2,7 милиони американски долари.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!