Ма во Давос, пред сите: Вештачката интелигенција е закана за работните места!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милијардерот и сопственик на он-лајн трговскиот гигант Alibaba, Џек Ма, тврди дека новите технологии на почетокот секогаш создаваат хаос, па голем број луѓе ќе ги загубат работните места поради прогресот во роботиката и вештачката интелигенција.

Во интервјуто на овогодинешниот Светски економски форум во Давос, основачот и извршен директор на Alibaba, Џек Ма, говореше детално за неколку од најголемите предизвици со кои се соочува светот во денешно време, пишува Interesting Engineering.

Секоја револуција доведува до дестабилизација

Почна со огромното влијание на технологијата, фокусирајќи се на нејзината трансформативна моќ, како и потенцијално деструктивните аспекти.

„Имаме голема среќа што светот се наоѓа среде голема трансформација благодарение на технологијата. Оваа нова технологија ќе создаде многу успешни луѓе и интересни кариери, но искрено, секоја нова технологија создава и социјални проблеми“, рече Ма и продолжи: „Ако не е поврземе, човечките суштества ќе се борат меѓусебно, бидејќи секоја технолошка револуција го дестабилизира светот“.

Подоцна, со зборови кои покажуваат дека станува збор за третина бизнисмен, третина шоумен и третина бизнис стратег, Ма говореше за темата „Жените во бизнис светот“.

„Ако сакате компанијата да ви биде успешна, ако сакате да ви работи мудро, грижливо, тогаш жените се најдобар избор. 37 насто од повисокиот менаџмент во Alibaba се жени. Некој вид на тајна состојка на нашиот успех е тоа што имаме толку женски колешки“.

Учете од грешките, не од успехот

Потсетувајќи се на својата младост и фактот дека нема образовна потпора кога бил млад, Ма откри дека неговиот специфичен пристап на учење е учење од неуспехот. „Учете од сопствените грешки – без оглед на тоа колку сте паметни, има што да научите од нив. Мораме своите грешки да ги споделуваме со другите. Тоа е моето размислување – ако сакаш да си успешен, учи од своите и грешките на другите, а не од нивниот успех. Книгата која сакам да ја напишам е Alibaba:1.001 грешка“.

Единствен момент кога завлегол во политички води е кога дал свое мислење за глобализацијата. „Глобализацијата е болка на растењето. Лесно е да поттикнеш економска и трговска војна, но тешко е да ја прекинеш и јас самиот сум исплашен“.

Најсреќните компании на векот

Посебно го нагласи својот став за хуманистичкиот пристап кон вештачката интелигенција. „Вештачката интелигенција е закана за луѓето. Јас мислам дека вештачката интелигенција треба да им помага на луѓето. Технологијата треба да е нешто кое го подобрува животот на луѓето, а не да го отежнува. Компјутерите секогаш се попаметни од вас, тие не забораваат, не се лутат. Но, компјутерот никогаш не може да биде мудар. Вештачката интелигенција и роботите ќе уништат голем број работни места, кои во иднина ќе бидат заменети со машини. Услужната индустрија дава надеж, но тоа мора да се организира на услогласен начин“.

„Google, Facebook, Amazon и Alibaba, ние сме најсреќните компании на овој век. Но, имаме и одговорност да имаме добро срце и да направиме нешто добро. Погрижете се сите тоа што го правите, да го правите за иднината“.