Живот

Луѓето со најстарата крвна група ги сметаат за најдобри љубовници


Станува збор за луѓето со крвна група 0. Ова е најчестата крвна група, а експертите велат дека е најстарата во светот – таа група настанала прва и ја имале нашите најстари претци.

Луѓето во чии вени тече оваа крвна група, одлични се во логично размислување. Тие многу добро се снаоѓаат во просторот и имаат добро чувство за ориентација. Тие едноставно копнеат по чувство на моќ и се во состојба одлично да се фокусираат на целта која сакаат да ја постигнат.

Често, овие луѓе се одлични љубовници – страствени, непредвидливи, нежни и груби во исто време… Тие едноставно уживаат во сексот и можат да водат љубов со часови. Многу им е важно и нивниот партнер да ужива и понекогаш себеси ќе си го скратат задоволството само за партнерот уште повеќе да ужива. Некои ги сметаат за најдобрите љубовници помеѓу сите крвни групи.

Особено им одговараат партнери кои се непредвидливи во кревет како нив самите, бидејќи се ужаснуваат од монотонија. Не сакаат однапред да знаат како ќе се одвиваат работите, тоа би им го намалило сексуалното возбудување. Луѓето со оваа крвна група со задоволство ќе испробаат нови пози и по некоја играчка, но ништо премногу екстремно – доволно за да го зачинат доживувањето.

Инаку, луѓето со крвна група 0 се по природа оптимисти, одговорни и свесни. Сепак, и тие имаат свои слаби точки, а тоа се стресот и здодевноста. Адреналинот е она што прави да се чувствуваат живи – колку повеќе се активни, толку повеќе се полни со позитивна енергија.


Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top