Љубов, скитници и „магични кругови“ – тие се современите хипици од Rainbow Gathering


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Rainbow Gathering се средби на европско и светско ниво на современите хипици и „скитници“ кои тие дружења ги прават во природа, на симпатични и убави места.

25-11-rainbow-gathering1

Контактите ги имаат на затворени „чет“ групи и форуми на интернет, па тешко се доаѓа до информации од типот кога и каде е следната средба и забава. А верувајте, сакате барем еднаш да сте дел од нивното дружење.

25-11-rainbow-gathering2

Во Македонија таква дружба се случи пред неколку години во околината на Кичево, каде имаше средба на „вечните скитници“ и хипици од цел свет. Авторот на овие редови имаше среќа и чест да се дружи со дел од нив на манастирот Трескавец во близина на Прилеп и слободно може да ви тврди дека станува збор за одлични карактери, супер луѓе исполнети со добрина и позитивна енергија кои во најчест случај патуваат со автостоп и ја шират добрата волја и љубовта на сите страни од светот.