Актуелно

Љубомир Јовески предложен за Државен јавен обвинител на местото на Зврлевски


Владата на Република Македонија му предложи на Собранието за државен јавен обвинител да го именува Љубомир Јовески. Јовески е член на советот на јавните обвинители.

Ваквата одлука, како што велат во писменото соопштение од владата се должи на досегашното работно искуство на Јовевски како и позитивното мислење кое го дало советот на јавните обвинители. Јавниот обвинител на Република Македонија се избира за време од шест години, а изборот го вршат пратениците со просто мнозинство.

На огласот за избор на јавен обвинител што го распиша Собранието, откако беше разрешен обвинителот Марко Зврлевски поради непрофесионално и ненавремено извршување на работните обврски, се пријавија вкупно 23 кандидати. Советот на јавни обвинители минатата недела ги разгледа нивните кандидатури и достави мислење до владата.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top