„London calling“: Алегри и Анчелоти ги преземаат лондонските гиганти


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Еминентниот „Кориере дело Спорт“ истакнува дека од летово Карло Анчелоти и Масимилиано Алегри ќе бидат ѕвезди на преодниот рок и дека ќе се преселат во Лондон.

Според весникот, поранешниот тренер на Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал и Баерн, Карло Анчелоти е на чекор да гостави својот потпис на четиригодишниот договор со Арсенал вреден 40 милиони евра.

Анчелоти во Арсенал ќе го наследи Арсен Венгер, кој во клубот е од 1996 година.

За пат кон Лондон е подготвен и Масимилиано Алегри, човек кој во последните три сезони двапати играше финале со Јувентус во Лигата на шампионите.

Алегри во Челзи ќе го наследи човекот на чие место дојде во Јувентус во 2014 година, Антонио Конте.

Италијанците пишуваат дека Конте нема долго да биде без работа, бидејќи за неговите услуги се заинтересирани ПСЖ и Милан.