Вебкафе

Ливерпулските проститутки: „Хрватките и Србинките ни туркаат цена, а се поубави“


Проститутките од Ливерпул своите сексуални услуги почнаа да ги нудат за четири фунти и тврдат дека за тоа се виновни девојките од Хрватска и Србија, кои им ги туркаат цените така што нудат сексуални услуги за многу малку пари.

„Некои девојки даваат за четири фунти“, вели Лиам, кој во озлогласената ливерпулска улица Шеил Роуд често се грижи за безбедноста на проститутките. „Не сум макро, немам ништо со нивните пари. Тие само ми купуваат храна или пијалок, не ме плаќаат. Само им го чувам грбот“, признава Лиам во документарецот кој го сними ВВС.

„Морав да ја намалам цената за да привлечам муштерии“, вели Натали, која со години го работи овој занает, а едно време била во врска со Лиам. „Би сакала да ме сакаше, но тоа се пусти соништа. Луѓето ме дочекуваат со раширени раце само кога ме влечат во кревет. За мене е нормално да станам, да се облечам и да се сексам со мажи секој ден“, раскажува оваа девојка.

Џек, кој моментално живее со Натали, тврди дека за ниските цени на сексуалните услуги се виновни девојките од источните делови на Европа. „Некои мигрантки од Србија и Хрватска продаваат секс за помалку пари, бидејќи кај нив трошоците за живот се помали“, смета тој и додава дека тие се и многу поубави од локалните девојки и привлекуваат повеќе муштерии.

„Тие се прекрасни, додека локалните девојки…“, вели тој.

Лиам открива и дека многу проститутки имаат проблеми со дрога, поради што се продаваат доста евтино, за побрзо да набават крек. „Еднаш видов како пет мажи чекаат на ред, сите заедно девојката ја платија 25 фунти, што значи пет фунти по човек. Тоа е навреда за девојката“, вели Лиам.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top