Ливерпул во пол-позиција за ѕвездата на Наполи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Плејмејкерот на Наполи, Жоржињо е мета на неколку клубови од Премиер лигата, но Ливерпул е во пол-позиција за неговиот потпис, пренесува „Мирор“.

Бразилецот со италијански пасош е на листата желби на Манчестер Јунајтед и Арсенал, но на „Енфилд“ во него гледаат идеален заменик на Емре Чан.

Ливерпул има одлична традиција со бразилските фудбалери, а и стилот на игра на Жоржињо би бил идеален за филозофијата на Клоп.

Во моментов Жоржињо е во Манчестер заедно со репрезентацијата на Италија, која ќе игра натпревари со Аргентина на „Етихад“ и со Англија на „Вембли“, па скаутите на премиерлигашите сигурно ќе го следат.

Неодамна неговиот агент го потврди интересот на англиските клубови, но негираше дека остварил било каков контакт.