Ливерпул со официјална понуда за ѕвездата на Арсенал!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми денес потврдија дека Ливерпул го направил првиот официјален чекор за привлекување на играчот на Арсенал, Алекс-Окслејд Чемберлејн.

„Мирор“ пренесува дека „црените“ испратиле официјална понуда за 23-годишниот англиски репрезентативец и сега се чека одговор на Арсенал.

Весникот тврди дека првичниот одговор на „топџиите“ бил негативен, но пренесува дека Арсенал е спремен да го продаде Чемберлејн ова лето, бидејќи играчот одби да потпише нов договор.

Договорот на Окслејд Чемберлејн истекува следното лето, па сега е последниот момент „топџиите“ да заработат на неговата продажба, а се верува дека за неговиот потпис бараат најмалку 25 милиони евра.

Манчестер Сити и Челзи исто така покажуваат инетрес кон фудбалерот и сериозно ја следат ситуацијата, но Ливерпул е првиот клуб кој направи официјален чекор.