Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата најави проширување на забраната за патување во САД, која ќе се применува на осум држави.
Администрацијата на Трамп изјави дека државите вклучени во забраната „не се доволно за да се спречи доаѓањето на терористите во САД“.
Забраната е проширена на Чад, Северна Кореја и Венецуела.
Покрај државите со муслиманско мнозинството, Иран, Либија, Сомалија, Сирија и Јемен, од 18 октомври влезот во САД ќе биде забранет и за жителите на Чад, Северна Кореја и Венецуела.
„Забраната за патување. Колку построга, толку подобра!“, изјави Трамп пред новинарите во Вашингтон во неделата вечер. Тврдејќи дека целта на забраната е да се спречат терористичките напади, но неговите критичари велат дека е поттикната од дискриминација. Врховниот суд на САД ќе расправа за новата забрана за патување на 10-ти октомври, според АФП.
„Да биде Америка безбедна ми е приоритет број еден. Нема да ги примиме во нашата земја оние што не можеме безбедно да ги провериме“, вели Трамп на Твитер.