Лино Червар повеќе не е селектор на македонската репрезентација


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометната федерација на Македонија (РФМ), на својата интернет страница објави дека е раскинат договорот со Лино Червар и дека во најскоро време ќе се обиде да најде нов селектор.

Лино Червар нецела година беше селектор на ракометната репрезентација, а на промоцијата, и неколку пати потоа истакна дека негова цел е Македонија да ја однесе на Олимписките игри во Токио во 2020 година.

Сепак трофејниот тренер нема да го одработи до крај свјот договор, бидејќи ќе се врати на кормилото на хрватскиот национален тим.

„По неодамнешните разговори помеѓу членовите на високото раководство на Ракометната Федерација на Македонија и Лино Червар, во поглед на наводите за неговиот трансфер на клупата на хрватската национална селекција, двете страни договорија рок во чии рамки г. Червар требаше да ја извести Федерацијата за својата одлука“

„По завршувањето на тој рок, на 11. март 2017 година, Червар упати писмо до претседателот на РФМ, во кое се заблагодарува на соработката и третманот кој го имал за време на неговиот тренерски мандат“, информираше РФМ.