Лимузината од Хитлер на продажба: Запознајте го грандиозниот крстосувач на Мерцедес


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Делумно блиндиран, исклучително моќен и убав, овој Мерцедес е еден од најдобрите автомобили на своето време.

За жал, исклучителниот автомоби, познат едноставно како „големиот Мерцедес“, ќе остане запамтен првенствно како омилен избор на високопозиционираните државници на тогаш нацистичка Германија. Тоа во превод значи дека во таков модел се возеле ликови како Херман Геринг, Хајнрих Химлер и самиот Адолф Хитлер.

Конкретниов примерок од 1939 година бил официјална лимузина лично на Хитлер. Станува збор за Mercedes 770K Grosser Open Tоurer во кој Хитлер го возел неговиот личен шофер Ерих Кемпка. Во прашање е модернизирана верзија на моделот претставен во 1938 година, а се рабти за најскапиот германски автомобил на тоа време. Цената била чувана во тајност и никогаш не е јавно објавена.

Големиот Мерцедес го движел 7,7-литарски осумцилиднарски мотор на бензин од 116 KW/158 КС. Во конкретниов случај, благодарение на опционалниот компресор, максималната моќ на оваа лимузина била 170 KW/23 КС. Усогласен со петстепен рачен менувач, а максималната брзина му била над 160 км/час.

Мерцедесот од Хитлер бил и дополнително блиндиран. Задницата, бочните стакла и панели и предното ветробранско стакло давале целосна заштита од пешадиско вооружување кое било актуелно во тоа време, а поседувал и соодветна противминска заштита. Дополнително, вграден бил и оклоп во потпирачите на задните седишта.

Овој историски и технолошки исклучителен примерок бил зачуван во совршена состојба, а ќе биде понуден на аукциска продажба во втората половина на јануари.