Нобел

LG Signature 4K OLED официјално е најтенкиот телевизор на светот – ќе има и „солена“ цена


 На овогодишниот Саем за технологија во Лас Вегас, LG го претстави веројатно најтенкиот телевизор на светот, кој во продажба ќе се најде на пролет.

Се работи за LG Signature 4K OLED серија В под името В7. На себе има само еден единствен кабел кој го поврзува со саундбар на кој се сите потребни приклучоци.

Дисплејот на телевизорот е 4K HDR OLED со дебелина од 2,57 милиметри, додека комплетниот телевизор не е подебел од просечен смартфон. Тежок е само 7,7 килограми и е наманет исклучиво за поставување на ѕид. Телевизорот ќе се произведува 65-инчна и 77-инчна верзија.

Цената се уште не е позната, но се проценува на околу 10.000 долари.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!