LG Q6: Смартфон по мерка на дигиталната генерација


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како прв модел од новата Q серија на LG и прв и единствен смартфон со минимални рамки во својот сегмент, LG Q6 е наменет за корисници кои сакаат паметни телефони по поволна цена, но со карактеристиките на flagship од LG.

Q6 ја дели својата ДНК со наградуваниот паметен телефон G6, неговиот екран од дури 5,5 инчи ја покрива речиси целата предна страна од уредот, па и покрај големата дијагонала, може едноставно да се користи со една рака, а меѓу неговите адути се одличната камера и издржливата батерија.

За љубителите на социјалните мрежи

Q6 има и широкоаголна селфи камера со агол на снимање од 100 степени, која им овозможува на љубителите на селфи фотографите без никаков напор во кадар да вклучат голем број на пријатели и членови на семејството, како и добар дел од позадината.

Тука се и бројните опции на камерата кои ќе ги ценат љубителите на социјалните мрежи, како Square Camera Mode, која овозможува спојување на две фотографии во една и создавање на квадратен решеткаст колаж. Искуството е уште подобро со 5,5-инчниот FHD+FullVision екран со размер на страните од 18:9.

Отпорен и издржлив

LG Q6 привлекува со добриот, минималистички и елегантен изглед. Маркантни се атрактивните закривени линии и заоблените агли од куќиштето и екранот.

Сместен во елегантен метален оквир, Q6 воедно е лесен и цврст, што обезбедува издржливост при неговото секојдневно користење.

Батеријата исто така е подложена на строги тестови, потемелни од оној пропишаниот за меѓународни стандарди.

Едноставен за користење

Не само што изгледа добро, туку Q6 е доста едноставен и за користење. Еднакво е удобен за држење и практичен за користење со една рака.

Исто така, има и опција Face Recognition за препознавање на ликот на сопственикот на телефонот, која овозможува брзо отклучување на екранот, а тука е и местото за microSD картичка.

„LG Q6 е дизајниран врз основа на опсежни истражувања за тоа што корисниците сакаат од своите паметни телефони“, велат од LG.

Достапен е по малопродажна цена од околу 330 евра.