Спорт

Леванте му честита: Барди избран за фудбалер на годината во Македонија


Иако ФФМ се уште не открила кој ќе биде прогласен за најдобар македонски фудбалер за сезоната 2016/2017, неговиот матичен клуб веќе му честита.

Имено, шпанскиот прволигаш Леванте преку официјалниот сајт и социјалните мрежи му ја честиташе наградата на Енис Барди.

ФФМ на свечена церемонија ќе го прогласи добитникот на 3-ти декември, а наградата заслужено оди во рацете на Барди, кој има одлична сезона со Леванте.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top