Летни септемвриски температури носат сончево и топло време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево и топло до 36 степени ќе биде денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени.

Во Скопје, сончево и топло, со утринска температура од 13 степени и максимална дневна од 32 степени.

Топлото време ќе се задржи и во вторник, а во среда ќе дува засилен југозападен ветер со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.

Од четврток со умерен до засилен северозападен ветер ќе има значителен пад на температурата, но се уште и повремен дожд. Потоа времето ќе биде стабилно и посвежо, со особено ниски утрински температури.